Од рециклирана пластика до асфалт!  Велика Британија со ново, иновативно решение!

Британскиот инженер Тоби Мекартни, со нов иновативен процес во производство на асфалт од рециклирана пластика. Имено, се работи за мали пластични плочи добиени од рециклирани шишиња, директно инволвирани во самата смеса за производство на асфалт.

Иноватниот изум нуди еколошко решение за постојниот асфалт, базиран на нафта и воедно, воодушевува со своите резултати. Се работи за 60 проценти посилни и 10 пати подолготрајни патишта, за подобра и поквалитетна животна средина!

Мекартни за првпат ја добива идејата откако патиштата во близина на неговата куќа се наполниле со дупки. За него, интересен бил начинот на којшто  луѓето од Индија се справувале со ваквиот проблем. Постоечките дупки се полнат со пластика и истата се топи на лице место.

Типичните патишта се направени од 90 проценти камен и песок со 10 проценти битумен. Битумен е вид на смола, кој се добива како резултат на распаѓање на животински и растителни остатоци (нафта, петролеј). Во суштина,  McCartney го зголемува количеството на битумен со додавање на топена рециклирана пластика, па патиштата се посилни и користат помалку од нафтениот производ потребен за свзрузање на камењата.

McCartney веќе ја има спроведено својата идеја, градејќи ваков пат, а англиската северна област – Камбрија веќе го усвои проектот во изградбата на нови јавни патишта.