Што имаат заедничко кикиритките, оризот, бананите и компирите? Покрај тоа што се вкусни, може да се трансформираат и во градежни материјали. Во извештајот насловен “ The Urban Bio – Loop“, групацијата Аруп планира да започне со употреба на отпадот од храна за создавање евтини и еколошки материјали за употреба во градежништвото.

Авторите на извештајот имаат за цел да покажат дека е можна различна парадигма за материјалите во градежништвото.

Бидејќи поголемите држави, како што се САД, фрлаат до 40 проценти од целата храна, целта е да се претвори отпадот во ресурс за создавање на производи за конструкција, инженеринг и архитектура“, известува Archinect. Ова може да се направи со менување на традиционалниот систем за управување со отпад.

Отфрлените органски материјали кои можат да се покажат како корисни, како лушпи од кикиритки кои може да се користат за производство на економични преградни плочи, огноотпорни и отпорни на влага, ориз – кој може да се претвори во пепел, а помешан со цемент да ги замени материјалите за потполнување дупки и пукнатини во градежништвото, банани  – од чии листови може да направат текстилни материјали како резултат на високо – еластични влакна, и лушпи од компири, кои може да се чистат, преситуваат и сушат за да се произведе лесен, огноотпорен и водоотпорен изолационен материјал.