Oд ноќеска ќе спиеме еден час помалку

0
177

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, од ноќеска во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето.

В недела на 25 март, часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот. Според тоа, од недела ќе спиеме еден час помалку, но затоа пак ќе уживаме во долгите попладневни сончеви часови, сè до повторното преминување на зимското сметање на времето.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји. Сепак, европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.