ОБНОВЛИВ ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ ЗА ПОСВЕТЛА ИДНИНА

ENLIL – Промената е тука!

Изнаоѓањето на одрлжлив извор на енергија е еден од најголемите предизвици на денешницата. Ресурсите како нафта и јаглен се трошат брзо, а воедно емитуваат јаглерод диоксид и го уништуваат еко-системот.

Тргнувајќи од овој факт компанијата Deveci Technology Inc., со седиште во Маслак, Инстанбул, го понуди едноставното еколошко решение – ENLIL. ЕNLIL е паметна, вертикална турбина која енергијата на ветерот, создаден од струењето на возилата на автопатот, ја трансформира во корисен извор на енергија.

Турбината генерира енергија трансформирајќи ја енергијата од струењата на автомобилите, како и природните струења на воздухот. Процесот е потпомогнат од соларните панели, инсталирани на врвот. Освен на автопатите, ENLIL може да биде поставена и на метробус линии, високи згради и други транспортни линии.

ENLIL турбините користат модерна технологија, имаат вградено платформа на IOT (Internet of Things) која мери: температура, влажност, ветер и ниво на CO2  во околината каде што е поставена. Исто така, има и станица за следење на секое сеизмичко движење што може да предизвика земјотреси, со што обезбедува врвна безбедност и сигурност за жителите на таа област.

Благодарение на тимот на талентирани инженери и еколози, ENLIL е иднината на паметните градови. Проектот не само што ќе го користи Истанбул, туку  ќе го инспирира и останатиот дел од светот, да се префрли на одржливи извори на енергија, обезбедувајќи сигурен и безбеден алтернативен ресурс на енергија.

Како функционира ENLIL погледнете во следното видео: