Облачно, дожд со грмежи и засилен ветер!

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално може да бидат и поројни, проследени со засилен ветер и грмежи.

Максималните дневни температури по градови денес ќе достигнат, во Дојран 20 °C,  Кавадарци 19 °C, Скопје 16 °C,  Охрид и Крива Паланка 14 °C, Берово 12 °C и.Маврово 10°C.

Утре повторно ќе имаме сончево време со умерена облачност. Дневните температури утре ќе достигнат, во Дојран 22 °C, Кавадарци 20 °C, Скопје 19°C, Битола 17 °C, Охрид 16 °C, Берово 14 °C, Маврово 13 °C.

За време на претстојниот викенд времето ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност и температури од 14 до 21 °C.