О2 Коалиција – Во новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање има некои решенија кои не го средуваат урбаниот хаос, туку напротив!

Во новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање има некои фрапантни решенија кои не го средуваат урбаниот хаос, туку напротив.

– има нова категорија, а тоа е Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење, кој го носи Владата.

„Тука спаѓаат национални паркови и заштитени подрачја, минерална експлоатација (рудници, каменоломи, минерална и термална вода, итн), хидроелектрани. Сите овие катергории се едни од најпроблематичните за јавноста, која бара вклученост во носење на одлуките поврзани со нив, а не комплетна исклученост, како што е повторно предвидено без јавни презентации, без јавни анкети. Згора на сè, имаме повторување на „мала“ недореченост која отвора многу можности и со која секоја одлука на Владата се покрива, а тоа е делот „и други подрачја и објекти од државно значење“

– не постои Стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето која ја има во сегашниот закон, а поради која минатата година на наши претставки се укинаа 4 ДУПа во општина Карпош, а еден за општина Гази Баба, кој овозможува градење на тешка загадувачка индустрија, е во постапка.

– ставен е сосема нов член, кој наоѓа решение за градежните фирми кои сакаат да градат во Карпош на укинатите ДУПови од Уставен суд и во Центар каде е на сила мораториумот.

„Во Карпош, претходните ДУПа ќе си стапат на сила, а општината ќе може да пристапи кон изготвување на само ДЕЛ од ДУПот. Во Центар, мораториумот ќе треба да запре и да стапат на сила стопираните ДУПови, ако нема нови готови. Ова е тоа надминување на проблемите за градежниот сектор – како што им ветија на испаничените градежни моќници нашите државни институции кои по кој знае кој пат забораваат чии интереси треба да штитат.