Акција на “Зелените херои” од градинката Димче Мирчев од општина Велес по повод Денот на пролетта и екологијата.
Благодарение на малите Зелени еко херои, нивните воспитувачки и родители, беше собран електричен отпад кој успешно заврши на рециклирање.
Малите зелени херои веќе знаат дека електронскиот отпад не е само куп непотребни предмети што треба да завршат на депониите, туку има своја вредност, и со правилно селектирање може да се искористи, преработи и помалку да ја загадува животната средина.