Почетна Граѓански ЕКО свет НУЛА ОТПАД со награда за најголем придонес во заштитата на животната средина

НУЛА ОТПАД со награда за најголем придонес во заштитата на животната средина

0
268

Град Скопје ги награди најдобрите за најголем придонес во

заштитата на животната средина

Градот Скопје ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта. Овој конкурс беше објавен на 22.03.2019 година и траеше до 15.05.2019 година.
За најеколошка компанија (фирма со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина) е избрана Pro Credit Bank, која е добитник на наградата во износ од 45.000 денари.
Во категоријата за избор на најголем придонес за заштита на животната средина и природата добитник на наградата во износ од 45.000 денари е НУЛА ОТПАД ДОО Скопје.
Целиот текст може да се види на следниот линк:

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=11534&mid=482&tabId=1