Нула Отпад како лиценциран колективен постапувач за отпадни батерии и електронски отпад во континуитет преку едукација создава генерации кои ќе знаат да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.

Во ова тешко време на неизвесност и излолација, Нула Отпад преку дигитална едукативна кампања продолжува во својата едукативна мисија, со ликовно-креативен предизвик за сите деца на предучилишна и училишна возраст.

Искористете го слободното време на еден креативен и интересен начин  преку изработка на ПЛАКАТ, како и да се пренесе порака со визуелни елементи – ВИДЕО на ТЕМА:

“Да ја заштитиме планетата од опасниот отпад – отпадните батерии и електронскиот отпад. Рециклирањето е важно и неопходно!“

Со учество на овој Конкурс се придружуваме и на пораката на новата планета и новото време – Безбедни во изолација со супер еко-едукација!

Сите пораки и видеа кои ги исполнуваат критериумите за учество кои ќе пристигнат на е-маил адресата info@nulaotpad.com.mk ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Нула Отпад, а најдобрите 10 кои ќе привлечат најмногу внимание (лајкови) ќе добијат еко благодарница.

Доколку едукативната кампања е успешна и пристигнат минимум 20 видео пораки за креативниот предизвик, Нула Отпад, најмоќната еко порака и видео според бројот на лајкови на социјалните мрежи ќе ја награди со главна награда лаптоп.

“Сметаме дека децата треба да се охрабрат и да се мотивираат да бидат креативни и да размислуваат за позитивни промени, и тие самите да бидат промената која сакаат да ја видат во светот”, изјави директорот на Нула Отпад, г-дин Марјанчо Дамески.

Повеќе информации за учество на ликовно-креативниот предизвик  погледнете на следниот линк:

https://bit.ly/3aBcLtU