Нула Отпад со креативни дела од е-отпад ,,Go Smart Make ECO art,,!

“Јавна соба” 26-ти февруари, 12.00 ч.

Во организација на колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје, а со поддршка од Црвен Крст на Град Скопје, ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” под водство на Стојче и Емилија Тоциновски, професори по уметност и средношколците од СГСУ Раде Јовчевски Корчагин под водство на м-р Сашо Саздовски, професор по уметност и скулптор, заедно реализираа креативни делa од е-отпад кои ќе бидат изложени во Јавна Соба под наслов ,,Go Smart Make ECO art,,.

Настанот ќе се одржи на 26-ти февруари 2019 година во 12ч, во просториите на  Јавна соба.