Во услови на пандемија со Корона вирусот, Нула Отпад својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања „Безбедни во изолација со супер еко едукација”.
Првиот предизвик помина со голем интерес и успех, внесе позитивни вредности во ова тешко време и даде значаен придонес во подигнување на јавната свест за селекција и рециклирање на е-отпад и отпадните батерии.
Заради големиот интерес и за жал сеуште активната карантинска вонредна состојба, Нула Отпад одлучи да продолжи со својата дигитална едукативна кампања со втор еко истражувачки предизвик.
Овој пат со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Делегација на Европска Унија и Македонската асоцијација за управување со цврст отпад, Нула Отпад продолжува со уште побројни, покреативни активности под мотото “Придружи ни се, биди и ти дете на новата планета и новото време”.
Еко истражувачки предизвик за сите деца на училишна возраст (1-9 одделение) е на тема:Батериите опасност или можност? Изготвен е и Правилник за учество:
- Потребно е да ги заследите фан/страните на Нула Отпад Фејсбук и Инстаграм.
- Истражи каде има канти за батерии од Нула Отпад. Забележи што има во нив. Дали има само стари батерии или има и друг вид на отпад.Доколку си во можност документирај го тоа со фотографија и посочи што е правилно, а што не? Помошта од родителите е добродојдена.
- Провери во твојот дом каде се имате батерии, за што најчесто Ви користат и истражи какви се батерии постојат.
- Истражи зошто батериите се опасен отпад и што се случува кога ги фрламе со останатиот отпад?
- Што се добива со рециклирање на батериите, како до еко решение?
- Твоето еко истражувачко патешествие претстави го во куса видео презентација не подолга од три минути. Креативноста е уште еднаш во погон. Можеш да користиш снимки, фотографии, цртежи, факти, податоци, се што мислиш дека ќе те доведе до најдоброто еко решение.
- Со пополнета пријава за учество и согласност од родител испрати го твоето видео на следната е-маил адреса: info@nulaotpad.com.mk
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО - Со самото испраќање на видеото се согласувате со правилата за учество во еко истражувачкиот предизвик и се согласувате истото да биде објавено и користено за едукативната кампања која ја реализира Нула Отпад.
- Нула Отпад ги задржува авторските права на сите аудио-визуелни творби пријавени на еко истражувачкиот предизвик.
- Сите видеа кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Нула Отпад и ќе учествуваат во предизвикот за главната награда.
- Да ги споделуваме пораките од децата на новата планета и новото време. Нека ги слушнат сите за доброто на сите!
- Доколку предизвикот е успешен и пристигнат минимум 20 видео пораки, стручно жири од областа на управување со отпад и заштита на животната средина, видеото со најдобра порака и еко решение ќе го награди со електричен тротинет.
- Сите останати учесници чие видео ќе биде објавено ќе добијат ЕКО ДИПЛОМА за значен придонес во заштита на животната средина.
- ВАЖНО: За предизвикот на главната награда да биде валиден, неопходно е да се пријават минимум 20 видеа и 20 учесници. Во спротивно ќе бидат доделени еко дипломи за сите учесници.
- Рок за испраќање на видеата 15.07.2020 год. Прогласување и објава на најдоброто видео со најдобро еко решение и најдобра еко порака ќе се случи на ден 20.07.2020 година од страна на стручно жири од Нула Отпад и соработниците на кампањата.
- Право на учество имаат сите деца на училишна возраст (основно образование).
Со еко истражување до еко решение!
Биди еко истражувач, предвесник на новата планета и новото време! Пренеси моќна порака, и споделувај, нека те слушне целата планетааа!!!