Нула Отпад на 26-ти февруари организира изложба на креативни дела од е-отпад под наслов ,,Go Smart Make ECO art,,

0
85

Нула Отпад на 26ти февруари организира изложба на креативни дела од е-отпад под наслов ,,Go Smart Make ECO art,,

Во организација на колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје, а со поддршка од Црвен Крст на Град Скопје, ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” под водство на Стојче и Емилија Тоциновски, професори по уметност и средношколците од СГСУ Раде Јовчевски Корчагин под водство на м-р Сашо Саздовски, професор по уметност и скулптор, заедно реализираа креативни делa, од е-отпад кои ќе бидат изложени во Јавна Соба под наслов ,,Go Smart Make ECO art,,.

Со овие дела на изложба ќе се потенцира дека 75 проценти од отпадот кој секојдневно го создаваме не се распаѓа и е потребно да се даде живот на оние предмети кои човекот иако може да ги искори, луѓето сепак ги фрлаат во ѓубре. Сите ние сме одговорени за таа човечка лоша навика, да не се селектира, да се загадува природата, едноставно ништо да не прави со отпадот, освен што се исфрла во корпа. Сведоци сме како постојано се создадваат диви депонии кои се едни од главните причинителни за загадувањето. Отпадот во исто време може да претставува непроценлив ресурс и извор на енергија.

Целта на оваа изложба е да се поттикне размислување на оваа тема и да се стимулира свесност за здрава животна средина, како и за реупотреба или рециклирање на е-отпадот.

Глобално, луѓето фрлиле 42 милиони тони е-отпад. Овој број се очекува да се зголемува. Во оваа 2019-та година, според Обединетите Нации, волуменот на е-отпадот низ светот ќе тежи колку 8 големи Египетски пирамиди,. На листата на електрични и електронски апарати кои најчесто се заменуваат со нови во светот, но и во нашата држава, предводат мобилните телефони, најчесто заради рапидниот напредок на технологијата и желбата на луѓето да го поседуваат „најновиот“ модел, потоа малите кујнски апарати, мониторите, телевизорите, акумулаторите, батериите, итн.

Нула Отпад цели кон информирање на сите граѓани, организации и институции за важноста на селектирање на отпадот, како и штетноста на овој вид отпад ако се наоѓа во нашата животна средина.

Настанот ќе се одржи на 26-ти февруари 2019 година во 12ч, во просториите на  Јавна соба.