НУЛА ОТПАД- Еко маски за 1-ви Април со првоаприлски насмевки!
Креативноста на најмладите денес можеше да се види во Капитол мол во Аеродром. Нула отпад во соработка со општината Аеродром и Капитол мол, на денот на смеата и маските 1-ви Април, ја организираше Е-КАПИТОЛИЈАДА под мотото – првоаприлски насмевки со ЕКО МАСКИ.
Како најинвентивна и креативна маска беше избрана маската робот на малечката Мила.