Нула Отпад и Општина Центар реализираат ЕКО АКЦИЈА: „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“, која успешно започна да се реализира уште од 2016 година. Во соработка со Општината, Нула Отпад има воспоставено ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема од целата територија на општината.

Согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема сите општини во Република Македонија се должни да организираат собирен центар и да спроведат организирано собирање на отпадна електрична опрема.

Фактот дека самата општина нема услови и капацитет да отвори собирен Центар, воведе систем за собирање со периодични акции во урбаните заедници, од каде што отпадот се собира со возилата во организација на Нула Отпад, која работи согласно дозвола за работа од Министерството за животна средина и просторно планирање, а за сите собрани количини се пополнува документација, која што се поднесува до  Министерство.

Акциите се спроведуваат во урбаните заедници, каде што координаторите редовно евидентираат граѓани што поседуваат отпад и даваат информации. Секој граѓанин што ќе донесе отпаден уред од домаќинство, добива ваучер со вредност да си купи нов уред во ТехноМаркет.

Вредноста на ваучерот ја одредуваат партнерите, согласно листата на апарати за домаќинство, со точна спецификација на сума за мали и големи уреди. Подигнувањето на габаритниот отпад се извршува директно од домовите на граѓаните со возила во организација на Нула отпад.

Досега се организирани 3 големи акции и неколку помали за собирање на отпадна опрема и собрани се вкупно 14.031 кг или (14 тони). Најуспешната урбана заедница од секоја акција добива донација во вид на потребен уред од организацијата Нула отпад.

Општина Центар во текот на месец ноември, ја продолжи големата акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема, а иформирањето на граѓаните започна да се спроведува со соопштенија преку медиумите во јавните гласила, постери залепени на сите јавни објекти, брошури во урбаните заедници и на веб страната на општината и Нула Отпад.

Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач Нула отпад од Скопје во договор со пријавените граѓани, ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот од домовите. За сите граѓани, обезбедени се ваучери од Техномаркет во вредност од 100, 400 и 600 денари, согласно ценовникот и листата на уреди.

Исто така, граѓаните можат да се пријавуваат на телефонските броеви, во 3 урбани заедници или во организацијата Нула Отпад на 070/236-000.

  1. ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: ДАНЕ КРАПЧЕВ, НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ, ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН И МИЛЕ АРСОВСКИ на тел. 076/496-327 од 8 до 16 часот.
  2. ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: МИРЧЕ МАЦАН, СЛАВЕ ГЕОРГИЕВСКИ – ШНАЈДЕР, РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН И КРЊЕВО на тел. 076/496-329 од 8-16 часот.
  3. ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ: РОБЕРТ ГАЈДИЌ, БОТЕ БОТЕВСКИ, БЛАГОЈА ДЕСПОТОВСКИ – ШОВЕЉ И МИРЧЕ АЦЕВ, НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА – ДУЊА, МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ – ЈАСМИН, КОЧО РАЦИН И БОРО ПЕТРУШЕВСКИ – ПАПУЧАР на тел. 076/496-325 од 8-16 часот

Граѓаните кои доброволно ќе се откажат од својот ваучер, сумата ќе биде донирана на социјално загрозено семејство, во вид на потребен уред.

Со реализација на овој проект, Општината ги реализира и законските обврски за собирање на електрична и електронска опрема, ја подигнува јавната свест за опасниот отпад и спречува незаконско оставање на овој вид отпад на недозволени места.