Научниците што го користеле орбиталниот истражувач на Марс, кој ѝ припаѓа на НАСА, дошле до изненадувачко откритие.

Тие пронашле исушено корито на езеро чија површина некогаш била како површина на десет Големи Езера што се наоѓаат на границата на Канада и Америка.

Постои можност оваа локација да крие траги од животот пред неколку милијарди години, што би можело да објасни како настанал животот на нашата планета.

Со помош на орбиталниот истражувач научниците откриле дека под басенот Ериданија се наоѓаат големи слоеви на минерали. Понатамошните анализи на минералите покажале дека ги формирале подводни отвори. Милијарди години подоцна вулканите изумреле, езерото се исушило, но минералите останале.

Басен Ериданија

„Иако никогаш не пронајдовме траги дека постоел живот на Марс, оваа локација може да ни каже за типот на опкружување што може да ни открие дека токму тука започнал животот на Земјата“, изјави Пол Најлс, експерт од НАСА.

„Тоа потсетува на длабоките хидротермални отвори што можат да се најдат на Земјата, слични на оние во кои би можело да се најде живот на други светови – на животот не му се потребни убава атмосфера или одредена површина, туку камења, вода и топлина“, додава тој.

Според  Пол Најлс, вулканската активност во комбинација со водата овозможила услови што веројатно се слични на условите што постоеле на Земјата тогаш кога еволуирал животот.