Светска недела на Вселената е интернационален настан кој се одржува секоја година од 4-10 октомври во 86 држави низ светот и вклучува повеќе од 2700 настани.

Целта е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година, спрема решавање на предизвици на планетета Земја и во Вселената.

„Годинешната тема на Здружението за светската недела на Вселената, формирано во 1981 и кое денес претставува партнер на ООН за организирање на Светскиот ден на Вселената ширум светот, е „Откривање нови светови во Вселената“ („Exploring New Worlds in Space“) , со акцент на она што нè опкружува, а кое ќе биде следен предмет на истражување на Месечината, Марс па и „подалеку“ и служи како водич за креирање настани во светот“, информира Извршниот директор на Здружението за светска недела на Вселената, Timiebi Aganaba-Jeanty.

По повод одбележување на Светска недела на Вселената, денес, ширум светот се одржуваат истражувачки и едукативни настани во училиштата, универзитетите, научните центри, посета на планетариум, астрономски клубови и компании.

Во Република Македонија, НВО – Светска недела на Вселената Македонија, во соработка со Скопското астрономско друштво, веќе трета година организира едукативни настани и активности, како изложба на астрономски фотографии, информативен панел, јавна дебата, посета на планетариум, посета на Кокино и сл.

Целата програма може да ја погледнете тука.