Најдобриот тенисер на денешницата и најдобриот спортист во историјата на српскиот спорт Новак Ѓоковиќ, свое место доби и во филателистичката историја на Србија, а на поштенските марки е претставен како хуманист и филантроп.

Фондацијата на светскиот тениски рекет број 1„Новак“ досега има помогнато во реконструкција на 48 детски градинки и има обезбедено поддршка за работата на околу 2.200 наставници низ Србија.

За оваа пригода Ѓоковиќ истакнува дека „Многу ми е чест и мило ми е што можам да придонесам за зачувување, негување и заживување на традицијата на пишување писма и разгледници. Нашата фондација секојдневно добива писма од деца и родители кои бараат помош за образованието на нивните деца и низ цела Србија“.