Нова жртва на климатските промени – стопен највисокиот врв во Шведска!

Највисоката точка во Шведска, глацијалниот врв на планината Кебнекаисе страдаше од невообичаено топло лето во Европа.

Екстремните температури што ја зафатија Европа во овој летен период се толку високи што дури и го стопија глечерот на шведската планина Кебнекаисе, и врвот кој важеше за највисока точка во Шведска сега е на второ место.

Мразот на врвот на планината Кебнекаисе се стопи толку многу што јужниот врв сега е понизок од вообичаеното, а наместо него за највисок врв сега се смета северниот врв на истата планина.

Екстремно високите температури карактеристични за оваа лето, а кои се резултат на климатските промени се доволни за прекројување на географската структура на земјата.

Само во текот на месецот јули оваа година високите температури стопија околу 4 метри мраз на врвот од оваа планина. Како што изминува летото се очекува топењето на мразот да продолжи што уште повеќе ќе ја зголеми разликата помеѓу јужниот и северниот врв, кои сега си ги заменија водечките позиции во поглед на висината. Имено северниот врв по својата структура е цврста карпа која не подлежи на промени од температурни влијанија, така да во периодот што следува се очекува да се задржи на водечката позиција.

Gunhild Ninis Rosqvist, професор по географија на Универзитетот во Шведска, за шведскиот весник ”Swedish newspaper Norrlandska Socialdemokraten” изјави: ”Снегот исчезнува, па дури ни ирвасите сега не можат да најдат место за олеснување од сонцето”…
Резултатот од ова топло лето ќе биде рекордна загуба на снегот и мразот во планините.  Светската метеоролошка организација за месец август  очекува температури од 18,9 степени Целзиусови, а просечната во овој месец изнесува 13,9 степени Целзиусови.
Високите температури во Шведска предизвикаа серија пожари, дури педесетина, кои изгореа и уништија повеќе од 74.000 хектари шума.