НОВА ВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА
Денес (24.10.2018 година), во Гевгелија ќе биде предадена во употреба новата времена депонија за комунален отпад.
Санитарната депонија изградена според европските стандарди е прва од ваков вид во земјата и ќе биде од времен карактер.
Новата депонија би требало да го реши горливиот проблем во Гевгелија со дивата депонија кај Сува река.
За депонијата преку УНДП е обезбеден грант од јапонската влада, а вредноста на проектот е 960.645 долари.
На предавањето на депонијата во употреба, ќе присуствува постојаната претставничка на УНДП во нашата земја, амбасадорката Луиза Винтотн и амбасадорката на Јапонија во нашата земја Кеико Ханеда.