Нов проект за идентификација на извори на аерозагадување со користење на нуклеарни технологии

Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска оствари средба со директорот за програмски менаџмент во Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

На оваа средба е договорено да се реализира нов проект – „Идентификација на извори на аерозагадување со користење на нуклеарни технологии“. Се работи за проект кој ќе се грижи за зајакнување на административните капацитети на Министерството во идентификација на составот на цврстите честички во воздухот и подготовка на Национална студија за определување на извори на загадување во поголемите градови во државата.

Проектот вклучува набавка на специјализирана опрема и инструменти, кои се служат со нуклеарна технологија, при анализа на составот на ПМ честичките.

Ваквата технологија не е користена во Македонија, а добиените податоци ќе бидат искористени за моделирање и определување на главните аерозадувачи, а според тоа и определување на приоритетни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.