Почетна Новости Нов мост за ловење риби!

Нов мост за ловење риби!

0
45

Дали големиот број нерешени имотно-правни односи, при градењето на новиот мост во Аеродрoм кај Керамидница, ќе го сопре или успори градењето на мостот кој требаше да биде решение за намалувањето на гужвите и побрзо поврзување на овие два дела од градот.

Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, на брифинг со новинарите истакна дека нејзиниот претходник Петре Шилегов почнал да го гради мостот и за тоа потрошил пари од граѓаните, а не ги решил големиот број имотно-правни односи. Меѓу другото Арсовска потенцираше дека: „Нема да се заврши, ќе биде мост за ловење риба. Ќе биде нешто што нема никаков ефект и бенефит за граѓаните. Постапката за да се заврши тој мост ќе трае десетина години. Ние ќе почнеме да ги решаваме, но кога ќе ги решиме е прашање на време и не знаеме кога ќе се заврши. Што сега секој нареден градоначалник ќе биде крив затоа што претходникот го почнал, а не ги решил прашањата ниту пак планирал да ги реши. За тој потег завршени се само 18 предмети со исплата. Има 11 спорови меѓу граѓани кои треба меѓу себе да ги решат, 25 се во подготовка, без согласност за цена и се во Влада. 44 предмети се за приватизација, а 16 за корисничко право“.