Сигурно некогаш сте посакале да стапнете на Месечината, но не секој може да го оствари сонот што Нил Армстронг и Едвин Олдрин го остварија, затоа тука е овој несекојдневен изум да ви ја презентира Месечината на дланка.

Јапонскиот дизајнер Nosigner создаде прекрасна сферична светилка која ја става целата Месечина во вашата дланка. Инспириран од „Супермесечината“на 19-ти март 2011 година, кога Месечината се наоѓаше на најблиско растојание до Земјата од 1992 година, Nosigner создаде топографски точна реплика во форма на LED светилка.

Во Јапонија Месечината е светлина на надеж, нешто што Nosigner знае дека на Јапонците им е потребно сега повеќе од кога и да e.

“Секој Јапонец кој беше повреден од земјотресот, се молеше на Супермесечината”, вели Nosigner. Оваа необична светилка беше изложенa во Dwell on Design во Лос Анџелес. Користејќи ги податоците собрани од јапонската мисија на Месечината „Кагуја“, дизајнерот создаде точен модел на Месечината што свети со LED сијалица, осигурувајќи дека никогаш нема да ја видите темната страна на месечината.