Норвешка е водечки лидер во светот во рециклирање пластични шишиња.

Луѓето во Норвешка плаќаат повеќе за да купат пластични шишиња, за потоа со самото рециклирање на пластичните шишиња, како повраток да добијат 13 центи за мало и 31 цент за големо шише или ваучер.

За таа цел користат автомат, во кој се остава искористено и празно пластично шише, а за возврат добиваат поврат на средствата по шише, сè со цел да се олесни рециклирањето.

Норвешка рециклира неверојатни 96% од пластичните шишиња, додека САД рециклираат само 31% од пластичните шишиња.