Невреме и заладување!

За време на дождливото и свежо време во доцната пролет и на прагот на летото сите го бараа топлото и жешко време, а денес по само неколку дена тропско и жешко време, сите бараат разладување. Разладувањето пристигнува денес попладне. По претпладневното сончево време, поладне не очекува невреме пропратено со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Минималнате температури ќе се движат помеѓу 12°C и 20°C, а додека максималните температури од 28 °C до 36 °C степени. УВ индексот ќе се искачи до девет.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одредени места ќе има појави на невреме со обилни врнежи, пропратени со силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на следната недела ќе бидат за неколку степени во опаѓање.