Бисерноледената Алјаска е рај за сите авантуристи, а некои од нив се заслужни за нов „спорт“, за кој до денес малкумина слушнале.

Лизгање низ заледени пештери, изведување на акробатски елементи, сечење на глечерите со хокеј лизгалки додека планините се единствената публика, за авантуристите од Алјаска не претставува никаков проблем. Сепак, многу малку луѓе слушнале за овој необичен спорт.

За да го сменат тоа, режисерите Кејл Грин и Паксон Волбер поминале две зими во северниот дел на Алјаска за да го снимат филмот „Див мраз“ (Wild Ice).

Овој вид на лизгање на мраз (Backcountry ice skating) е прилично надреално, бидејќи движењето над замрзнати водни површини кои изгледаат како пукнато стакло и низ ледени брегови е со брзина од 25 километри на час.