Необичен природен феномен: Три Сонца над Русија (ФОТО)

0
165

Населението во Орск, град во Русија, кој се наоѓа јужно од планината Урал, сведочи за оптичка појава – три Сонца позната како “хало-ефект”. Еве за што се работи.

Метеоролозите објаснуваат дека температурата на Урал паднала доста степени под нулата, такашто се создале многу мали, шестаголни, ледени кристали, невидливи со голо око, а низ кои се прекршуваат сончевите зраци.

Така е формиран оптичкиот феномен „Хало“, кој може да се појави во разни форми, а најчесто во вид на линија, лак или круг.

Оваа ретка појава многу тешко може да се предвиди, но во текот на зимата може да се јави и по неколку пати.

Необичаен феномен на три Сонца неодамна се случи и над шведскиот скијачки центар Вемдален.

sun halo

Ludvig Lundin sends this report of a spectacular Sun halo display, with a 22° halo, parhelic circle, sundogs and a tangent arc as well as 44° parhelia (sundogs) and 46° halo, in Vemdalen, Sweden today, Dec 1 – thank you. Video by @vemdalen

Публикувахте от Severe Weather Europe в 1 декември 2017 г.