Не е тајна дека загадувањето со пластика е глобално прашање што нè засега сите нас, но иако постојано трошиме пластика, постои една индустрија која се обидуваме да ја игнорираме, а тоа е индустријата за детски играчки. Овие евтини предмети со краток живот стануваат голем проблем. Тоа е причина, дизајнерите од Антверпен, на Maison et Objet да започнат со новиот бренд EcoBirdy, кој изработува мебел од 100% рециклиран пластичен отпад. Најдобото од сè е што може да се рециклира повторно.

После двегодишно истражување околу тоа, како да се рециклираат пластичните играчки, EcoBirdy создава парчиња кои се 100% направени од рециклиран пластичен отпад. Процесот започнува со собирање, сортирање, чистење и мелење на стари и неискористени играчки. Откако играчките ќе се сортираат по бои, парчињата се трансформираат во парче мебел со заоблени рабови и мазна свиленкаста површина, пријатна за допир и лесна за чистење.

„Откривме дека индустријата за играчки користи поинтензивно пластика од другите производи”, велат основачите на EkoBirdy, Vanessa и Joris. „Со давање нов живот на старата пластика, имаме за цел да го ослободиме нашиот еко систем од нејзиното штетно влијание. Со користење на иновативни технологии за повторна употреба на пластиката, нема потреба од додавање на пигменти или смоли.”