Неколку природни начини за ублажување на  убод од комарец

Иако, комарците важат за инсекти кои можат да бидат доста опасни и да пренесат повеќе болести, некои дури и со смртоносни последици, сепак, за човекот најчесто  се само досадни инсекти, чиј убод предизвикува непријатно и болно чешање.

Чешањето не само што не го решава проблемот, туку може и да ја иритира кожата и како таква да ја изложи на ризик од  дополнителни инфекции.

Ви представуваме неколку проверени, потполно природни и ефикасни начини, како да се справите со ваквиот проблем, доколку станете жртва на овие мали, досадни инсекти.

  1. Сода бикарбона

Сода бикарбона е алкално соединение кое може да го неутрализира pH балансот на кожата. Благодарение на тоа се намалува и воспалението на површината на кожата. Направете паста од малку сода бикарбона и вода. Премачкајте го местото и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете.

  1. Оцет и мед

Оцетот поради својата киселост и медот благодарение на своите антиинфламаторни и антибактериски својства е одличен домашен лек за намалување на чешањето. Секоја оцетна киселина е добра, но, сепак најдобра е јаболковата.

  1. Листови од босилек

Листовите на босилекот содржат камфор и тимол, две хемиски соединенија кои го ублажуваат чешањето. Ставете лист свеж босилек на местото на убодот.

  1. Лушпа од банана

Ова е уште еден домашен лек за убоди од комарци, што многумина го применуваат. Некои експерти велат дека шеќерот во лушпата од бананата ја намалува болката, и ја извлекува течноста од убодот. Излупете една банана и ставете ја кората на кожата, допрена со внатрешната страна. Нека отстои  половина час, а ако може и подолго.

  1. Алое вера

Иако, примарно се користи како лек за изгореници, алое верата е одлична и кога станува збор за убод од комарец, бидејќи го намалува чешањето и воспалението. Гелот од растението алое вера има антивоспалително дејство, што помага во намалување на отокот, како и чешањето. Чувајте го во фрижидер – изладениот гел дополнително ќе ви помогне во смирување на чешањето.

  1. Лимон или лимета

Антибактериското дејство на ова овошје ќе го намали чешањето и ќе ја спречи инфекцијата. Истискајте лимон или лимета на местото на убодот, но препорачливо е ова да  го направите  дома, бидејќи изложувањето на сонце на вака намачкана кожа, може дополнително да ја воспали.

  1. Ладна терапија со мраз

Оваа терапија носи моментално олеснување. Ледот ги умртвува нервните завршетоци и помага да не чувствуваме болка или чешање.

  1. Мешавина од вода и млеко

Мешавината од вода и млеко нанесена на местото на убодот, исто така го намалува отокот, чешањето и воспалението.

  1. Паста за заби

Повеќето пасти за заби имаат состојки од ментол, што причинуваат ефект на ладење на вашата кожа. Покрај ова, ефектот на сушење што го има пастата, помага во намалување на отокот од убодот.

 

.