Неделата на дивиот свет 2018 – “Големите мачки – предатори под закана”

Генералното Собрание на Обединетите Нации на 20 декември 2013 година, на својата 68-та седница, го прогласи 3 март – денот на потпишувањето на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови диви фауна и флора (CITES) – како Светски ден на дивиот свет на ОН. Прогласувањето на овој ден беше со цел подигање на свеста за заштита на дивите животни и растенија.

Темата за Светскиот ден на дивиот свет за 2018 е “Големите мачки”, со цел да се подигне свеста за зачувување на лавот, тигарот, леопардот и јагуарот, како и гепардот, снежен леопард, пумата, облачниот леопард и другите сродни видови.

Неделата на дивиот свет 2018 се одбележа од 2 до 8 октомври 2018 година. Планираните активности за одбележување на Денот на дивиот свет се со цел да се предизвика општото будење на луѓето за заштита на дивиот свет.

ЦЕЛИТЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА ДИВИОТ СЕ:

– Да се запознаат луѓето со зачувувањето и заштитата на дивиот свет.

–  Да се фокусира вниманието на луѓето кон важноста на зачувувањето на дивиот свет

– За спроведување на повеќе услуги за зачувување на дивиот свет.

– Да се разгова за сите прашања поврзани со зачувувањето на дивиот свет.

ТЕМИТЕ  НА НЕДЕЛАТА НА ДИВИОТ СВЕТ ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ БЕА:

– Темата на 2011 година беше “Дивиот свет што не движи”.

– Темата на 2013 година беше “Подготовка за дивиот свет”.

– Темата на 2014 година беше “Дивиот свет и водата”.

– Темата на 2015 година беше “Живеење со дивиот свет”.

– Темата на 2016 година беше “Иднината на дивиот свет е во наши раце”.

– Темата на 2017 година беше “Слушајте ги младите гласови”.

– Темата од 2018 година е “Големите мачки – предатори под закана”.