NATIONAL GEOGRAPHIC: МАКЕДОНИЈА ТОП ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2019-та!

 

National geographic го објави списокот на највозбудливите дестинации за 2019 година.

Во низата од изборот од 28 држави, кои вреди да се посетат за 2019 година, се најде и Македонија.

Опкружена со соседните држави: Србија, Бугарија, Грција, Косово и Албанија, иако не поседува море, сепак изобилува со други убавини и раритети,  кои ја чинат не помалку убава и вредна од останатите. Високи врвови, длабоки котлини и водопади, како и трите национални паркови: Маврово , Галичица и Пелистер, се само дел од убавините со кои располага. Богатството од планини и езера, меѓу кои  Охридското, како едно од најстарите и најдлабоки езера во светот, ја сместија Македонија како топ дестинација за претстојната 2019-та година.

Македонија нуди одлични можности за  параглајдеризам, кој ја прелетува Пелагониската котлина и највисокиот град Крушево, со надморска височина од 1350 метри, кајакарење  и  нуркање.

Освен Македонија, на листата на атрактивни дестинации што ја изготви National geographic се најдоа и :  Мексико, Перу, Кина, Сенегал, Франција, Нов Зеланд, Виетнам, Гренланд,  Оман, Мисури, Полинезија, Швајцарија, Ново Мексико, Белизе, Италија, Колумбија, Египет, Канада, Ирска, Мозамбик, Калифорнија, Бразил, Аргентина, Германија, Австралија, Црна Гора и Флорида.