Биолошката разновидност често се разбира во смисла на широк спектар на растенија, животни и микроорганизми, но исто така вклучува и генетски разлики во рамките на секој вид како на пример, помеѓу сорти на земјоделски култури и раси на добиток. Разновидноста на екосистемите (езера, шуми, пустини, земјоделски предели) водат повеќекратни интеракции помеѓу луѓето, растенијата и животните).

Ресурсите на биолошката разновидност се столбовите врз кои човечтвото ги  гради цивилизациите. Рибите обезбедуваат 20% од животинските протеини на околу 3 милијарди луѓе. Над 80% од човечката исхрана е обезбедена од растенија. Дури 80% од луѓето што живеат во руралните области во земјите во развој се потпираат на традиционални лекови базирани на растителни производи за основна здравствена заштита.

Но, загубата на биодиверзитетот им се заканува на сите, вклучително влијае  и на нашето здравје. Докажано е дека загубата на биолошката разновидност може да ги прошири зоонозите – болести пренесени од животни на луѓето – додека, од друга страна, ако ја сочуваме биолошката разновидност непроменета, тој нуди одлични алатки за борба против пандемиите како оние предизвикани од коронавируси.

Иако расте сфаќањето дека биолошката разновидност е глобално средство со огромна вредност за идните генерации, бројот на видови значително се намалува со одредени човечки активности.

Тема за 2020 година за одбележувањето на Меѓународниот ден за биолошка разновидност е “Нашите решенија се по природа”.

Бидејќи глобалната заедница е повикана да го преиспита нашиот однос со природата, едно е сигурно: и покрај сите наши технолошки достигнувања, ние сме целосно зависни од здрави и живописни екосистеми за нашата вода, храна, лекови, облека, гориво, засолниште и енергија, само за да именуваме неколку. Темата „Нашите решенија се во природа“ ги потенцира надежта, солидарноста и важноста за заедничко работење на сите нивоа за да се изгради иднина на животот во склад со природата.

Одбележувањето Меѓународниот ден за биолошка разновидност  со темата “Нашите решенија се по природа” оваа година ќе опфати 3 основни теми:

–  18-ти мај ќе ја опфати важноста на знаењето и науката;

– 19-21 мај ќе ја подигне свеста за важноста на биодиверзитетот;

– 22 мај, на денот  ќе издаде повик за акција.

2020 година е година на размислување, можност и решенија. Од секој од нас се очекува дека ќе „изградиме назад подобро“ со тоа што ќе го искористиме времето за да ја зголемиме еластичноста на народите и заедниците додека се опоравуваме од оваа пандемија. 2020 година е година кога, повеќе од кога и да е, светот може да сигнализира силна волја за глобална рамка што ќе ја „свитка кривата“ на загубата на биолошката разновидност во корист на луѓето и целиот живот на Земјата.

Како заклучок може само да се констатира дека “Загубата на биодиверзитетот е загуба за човештвото”

Извор: https://www.un.org/en/observances/biological-diversity-day