Во светот годишно се произведуваат повеќе од 300 милиони тони пластика од кои 5 милијарди се пластични кеси, а неколку милијарди се пластични шишиња. Дел од пластиката што се произведува се рециклира, но најголем дел завршува како отпад во океаните со смртоностни последици по животинскиот свет.

Од таа причина, ќе ви покажеме како да ги обновите старите пластични предмети и мебел во домот (шише, саксија за цвеќе, столица и маса за во двор, кутии и сл) такашто ќе им дадете сосема нов изглед, а воедно и ќе го красат вашиот дом.

Станува збор за техника „декупаж“ (decoupage) која освен на пластика, можете да ја користите на стакло, дрво, порцелан, платно и други материјали.

За оваа техника потребно ви е:

  • Сув материјал кој се лепи на предмет со живописен мотив по ваш вкус (украсна хартија, разгледница, салфета и сл.).
  • Aкрилна боја или гипс подлога, лепак (дрвофикс) или наменски лепак за декупаж и лак
  • Нараквици, четка, сунѓер, ножичка, фен за коса за побрзо сушење.

Постапката е објаснета во видеото: