Знаеме дека НАСА е главно позната по истражување на вселената, но таа е обучена и за безброј сателити на Земјата, давајќи им на научниците податоци за тоа како нашата планета се менува.

Но, понекогаш, науката и уметноста не се толку различни. Во ноември, Глобалната група за климатски промени на НАСА ги објави најфасцинантните фотографии направени од сателитски снимки и астронаутите во вселената.

Погледнете дел од нив.

Доколку помисливте дека ова е сцена од научно-фантастичен филм, грешите бидејќи овој скафандер наречен SuitSat-1, беше исполнет со стара облека и започна да орбитира околу Земјата во 2006 година.

 

Ова е реката Мисисипи, фотографирана јужно од Мемфис, Тенеси во 2003 година. На сликата видливи се ситните форми од градовите и полињата околу реката, како и безброј езера.

 

Реката Лена во Русија, една од најголемите речни системи во светот, важна за многу сибирски видови на растенија.

 

Dasht-e Kevir или Голема солена пустина е најголемата пустина во Иран. Не е ненаселена, а составена е од кал и солени мочуришта.

 

Природната боја на оваа фотографија претставува еден од островите на Нова Каледонија, архипелаг кој се наоѓа околу 1200 km од брегот на Австралија. Побледата сина боја означува плиткост на водата, додека темно сината е длабоко море.

 

Оваа фотографија ја покажува Западна Австралија во 2013 година. Ги отсликува богатите седименти и вегетациските модели на тропски естуар.

 

Вулканот Манам, фотографиран во 2010 година, се наоѓа на неколку километри од брегот на Папуа Нова Гвинеја и формира остров со ширина од околу 10 km.

 

На оваа фотографија прикажани се снежните врвови и гребени на источниот дел на Хималаите помеѓу главните реки во југозападна Кина.

 

Ваков поглед на Луизијана веројатно не сте виделе претходно: Силт се влева во Мексиканскиот Залив од устието на реката Мисисипи.

 

Оваа спектакуларна фотографија е најдеталната со вистински бои на целата Земја. Научниците собраа илјадници сателитски слики за да ја направат оваа фотографија во 2002 година.