Секој град е препознатлив по нешто и си има своја убавина. Некои градови низ светот имаат слична архитектура, некои различна, но сепак постојат градови што и покрај различностите, имаат нешто заедничко – тие ги имаат најубавите улици.
Преку фотографии ве водиме низ најубавите улици во градовите низ светот:

Marrakesh, Мароко

Маракеш е жив колоритен град, особено стариот дел на градот – Медина, богат со најразлични сувенири, вкусна храна и пријатни жители.

Havana, Куба

Улиците во Хавана се распространети со контрадикторни елементи кои се спојуваат заедно во еден хармоничен пејзаж. Пастелни бои се испреплетуваат со живописни, примарни бои, додека старите автомобили се движат по избледените улици.

Jiufen, Тајван

Jiufen е мало планинско гратче во Тајван кое е познато по неговите улички со калдрма и препознатливите црвени фенери на улиците.

Cartagena, Колумбија

Заборавете на Париз и посетете го колумбискиот град Картагена со тесни и колоритни улички од калдрма.

Alacati, Турција

Уметнички галерии и бутици, мали бели куќарки со цвеќиња и кепенци во нијанси на сино и зелено се распоредени по должината на тесните улички со калдрма во прекрасниот медитерански град Алачати во Турција.

Umbria, Италија

Често се нарекува „зеленото срце“ на Италија, Умбрија е карактеристична затоа што е единствениот италијански регион кој нема ниту крајбрежје ниту граничи со друга земја. Тесни улички со калдрма, зеленило над уличките и по средновековните куќи им даваат на овој град посебен дух.

Suzhou, Кина

Овој град е жртва на модернизацијата, бидејќи многу од неговите историски локалитети се заменети со модерна архитектура. Сепак иницијалната убавина на градот опстојува благодарение на кластерите на хармонични павилјони, градини и извонредни пагоди.

Paris, Франција

Оваа листа не би била комплетна доколку во неа не се наоѓа еден од најромантичните градови во Европа. Шармантните стрмни улички со калдрма и шарените тенди го красат просторот до ридот на кој се наоѓа Монмартр, кој всушност е и највисоката точка на Париз и едно од најпосетуваните локации.