Benbulben, Ирска. Оваа прекрасна формација на карпи со блага падина им овозможува на планинарите лесно искачување.
Fuji е највисоката планина во Јапонија. Совршена вулканска форма – планина која е навистина позната во светот како свето место.
Huayna Picchu е планина во Перу чиј врв бил седиште на високите свештеници и локални девици.
Kirkjufell во Исланд не е висока планина, но изгледа како вајана скулптура. Доста интересно место, кое има уникатна убавина. Се работи за едно од најпосетените места во Исланд и е вистинска туристичка атракција.
The Spectre (Антартика), покриена со снег, остри врвови, опасна, убава, речиси совршена планина. Оваа планина е откриена во декември 1934 година од страна на Byrd Antarctic Expedition.
Matterhorn во Швајцарија – Иако не е највисоката планина во Швајцарија, Матерхорн се смета за еден од најрепрезентативните симболи на Швајцарските Алпи и Алпите воопшто.
Ama Dablam е планина на Хималаите која се наоѓа на 6.812 метри надморска височина. Името на оваа планина значи „Мајчински ѓердан“.
Eiger во Швајцарија е опасна, но и прекрасна, планина карактеристична за Швајцарија. Многу планинари исчезнале во обидот да го освојат нејзиниот врв.
Denali е највисоката планина во Северна Америка со прекрасен поглед. Секоја година се организираат туристички посети на оваа убавица. Голема височина и површина која навистина изгледа магично.
Licancabur Chile/Bolivia – Прекрасна зелена лагуна во подножјето на овој вулкан е планината која се наоѓа помеѓу Чиле и Боливија.