Метеорит стар 4,5 милијарди години, скоро колку и планетата Земја, е продаден на онлајн аукција за 16.000 евра.

На веб – сајтот на аукциската куќа „Catawiki“метеорит (Muonionalusta) е означен како “најстариот познат метеорит во светот”.

Метеоритот е тежок 26,5 килограми и наводно е со одличен квалитет, пренесува „Russia Today“.

Овој камен од вселената беше пронајден во почетокот на 1900 –те години, не далеку од селото Kitkiöjärvi во шведската област Pajala. Oвој метеорит е дел од познатата колекција на метеорити “Muonionalusta”.

Овој метеорит паднал во северна Скандинавија пред околу еден милион години и досега околу 40 негови делови се пронајдени во овој регион.

Продавачот на метеоритот е од Шпанија, а од аукциската куќа „Catawiki“ претходно се надеваа купувачот да биде од Шведска за да се врати каменот во таа земја, но сепак овој метеорит е продаден во Унгарија. Освен метеоритот, купувачот добил и уверение за автентичноста на метеоритот.