Најновиот изум ”System 001” ќе го чисти Пацификот од лебдечката пластика

Масивниот уред за чистење на пластика – System 001, осмислен од 24-годишниот иноватор Бојан Слат од Холандија ќе се обиде да  го собере пластичниот отпад наталожен во водите на Тихиот Океан.

”Системот 001” го започна своето патување до ”Големиот Пацифички отпад”  од Сан Франциско во саботата, по пет години интензивна работа на развој и усовршување.

Се планира уредот да собере и исчисти околу 40.000 тони пластика што лебдат во водите на Тихиот Океан за наредните пет години.

Машината долга 600 метри, влечена од бродот “Маерск фрлач” создава бариера во форма на потковица за да ги зароби пластичните отпадоци кои подоцна  може да се рециклираат.

Уредот чини околу 25.000 американски долари и е безбеден за живиот морски свет.