На повидок нова дива депонија во Кичево – загрижените граѓани реагираат!

Јавното комунално претпријатие од Кичево си пронајде нова локација за одлагање на сметот. Кичевската населба Иванидол за само 15 дена, прерасна во нова дива депонија.

Жителите на населбата со остри реакции до надлежните институции  да превземат мерки за стопирање на понатамошното одлагање на сметот на оваа локација, како и дислоцирање на депонијата во локалитети каде истата би била побезбедна.

Новата депонија е на простор обраснат со густа борова шума и сосема е логичен стравот кај жителите на оваа населба, пред се поради опасноста од избувнување на пожари, особено сега во услови на зголемени температури. Во непосредна близина на депонијата се наоѓаат и куќите на локалното население од населбата  Иванидол и истите стравуваат од можноста  при посилни и поинтензивни врнежи од дожд сметот да заврши во нивните дворови. Близината на депонијата до живеалиштата на засегнатото население е уште еден страв од ширење на зарази и епидемии.

Засегнатите граѓани реагираат до надлежните институции  за решавање на нивниот проблем, а доколку и понатаму нема одговор на нивното барање во најава се и блокади на патот.