Околината во којашто живееме одредува на кои места бубашвабите, пајаците, лебарките, мравките и другите штетници ќе се населат во нашиот дом, наместо нашиот животен стил, открива нова студија.  

Научниците од Академија на науките во Калифорнија, државниот универзитет во Северна Каролина и универзитетот Рутгерс откриле дека бројот и разновидноста на штетниците во нашиот дом зависи од неколку фактори кои тешко се контролираат, а од кои ниту еден не е поврзан со тоа колку сме уредни.

Предмет на истражувањето биле 50 домови во Роли, Северна Каролина, односно леглата на штетниците во тие домови. Заклучоците, објавени во списанието Scientific Reports, покажуваат дека штетниците „преферираат“ фрекфентни места со многу прозорци и врати, односно просториите на првиот кат во нашиот дом, поради лесниот пристап.

Но, тоа не е единствениот заклучок до кој дошол тимот на научници. Тие, исто така, забележале дека одредени простории од домот како што е дневната соба, има поголема тенденција да биде легло на повеќето штетници, отколку просториите кои нам ни се добро познати – кујната и купатилото.

Студијата опфатила домови од седум континенти за овие штетници во домаќинствата и ефектите што ги имаат врз нашето здравје. Видот на штетници што се наоѓаат во домот, во голема мера зависи од надворешната средина, вели за Seeker, Misha Leong, водечки автор на студијата и експерт од Академија на науките во Калифорнија.

Други истражувања пак, покажуваат дека некои современи заболувања се предизвикани од недостаток на изложеност на микробиолошка разновидност. Но, домашните штетници можат да помогнат во ширењето на овие микроорганизми во домот, а со тоа и да ни направат услуга.

“Голема биолошка разновидност во домот може да биде општ индикатор дека домот е здрава животна средина”, вели Leong.

Одгледувањето на многу растенија во домот, може да помогне да се привлечат повеќе од штетниците кои се добри и корисни за нас луѓето. Една претходна студија од Академијата, открила дека домовите во населби со повисоки примања имаат поголем број на различни видови на инсекти и штетници кои живеат во домовите. Една од причините за ова може да биде одгледувањето на голем број разни растенија, кои се легло за повеќето штетници и одлична подлога за нивно размножување.

За тимот од научници малку е изненадувачки што подрумите се, како што тие ги нарекуваат „главниот град“, односно „пештера“ која е дом на лебарките, бубашвабите и другите штетници во домот.

Сепак, се чини дека домашните миленици како кучињата и мачките немаат влијание, што ја потврдува теоријата дека штетниците во домот се повеќе зависни од околината отколку од нашиот животен стил.

Од тимот на научници велат дека студијата исто така ќе вклучува и домови во Шведска, Јапонија, Танзанија, Австралија, Антарктик и Сан Франциско во САД за да проверат дали нивните наоди ќе се потврдат и на друго место.