На граница на невозможното: Лебдечки возови со брзина од 1.000 км/час

0
53

Кина со нов обид настојува да ја превземе водечката улога во новата светска трка на иновативноста во делот на сообраќајните решенија, со намера кинеските возови се движат со брзина од 1.000 км/час.

Спорерд кинескиот “Asia Times”, користејќи ја снагата на магнетната левитација, се верува дека возовите во Кина од досегашната брзина од 350 км/час, ќе бидат во можност да ја зголемат брзина помеѓу 350 км/час до 1.000 км/час.

Локалните кинески медиуми на крајот од месец септември објавија дека во Вухан главниот град на провинцијата Хубеи на почетокот на 2020 година, ќе бидат поставени шини за магнетна левитација во должина од 200 км.

Според кинеските статистички податоци главните магистрални рути на превоз на патници со брзина од 350 км на час во изминатата деценија биле на релација Пекинг-Шангај и Пекинг-Гуангжу. Фактот дека на овие релации резервациите се зголемиле за 82%,  Кина планира во рок од една до две децении да изгради систем на магнетни водови за левитација со што би се намалил проблемот со густиот и проблематичен транспорт и сообраќај.

Во 2002 година гермаски инжињери во Кина ја изградиле првата фаза за испитување на магнетните левитациски линии, со што се овозможило да се развие брзина до 430 км/час.

До денес во Кина се изградени 30.000 километри на железнички пруги со големи брзини, што претсавува најголема светска мрежа.

Во моментот светскиот рекорд во брзина на возови го држи возот “МАГЛЕВ”, што е кратеница од првите букви на “магнетна левитација” и во експериментална фаза едно возило достигнало брзина од 630 км/час.

https://webtribune.rs/na-granici-nemoguceg-kina-pusta-u-saobracaj-lebdece-vozove-sa-brzinom-od-1000-kmh/?fbclid=IwAR365GUHMIhQxqHnA7jv9IlGuKSZfqa5ENyMLjsBwUkE5DJvaXvgur73elU