Градот Скопје преку Секторот за заштита на животната средина и природата и оваа година традиционално го организира одбележувањето на Европската недела на мобилност под мотото – „Споделувањето те движи напред. Урбана мобилност. Урбани херои“, која ќе се одвива во периодот од 16-ти до 22-ри септември, во соработка со јавните претпријатија, образовните институции, невладиниот сектор и др. Носители на програмат годинава се следните невладини организации: Македонски Зелен Центар, Прв до Врв, Здружение на инженери за животна средина, Гоу грин, Еко свест, Милиеуконтакт Македонија Институт за обука Коцка, како и традиционалните поддржувачи: Канцеларијата на Европската делегација и Министерството за животна средина. Со цел организирање на масовен настан кој ќе опфати што повеќе групи на граѓани и институции, а ќе се одвива во текот на целата седмица.

Градот Скопје ги поканува сите граѓани да земат активно учество со велосипеди на големото велосипедско дефиле кое ќе се одржи на 22.09.2017 година (петок) со почеток во 10часот пред Порта Македонија. Дефилето ќе се одвива по следнава маршрута:

Ул.11 Октомври до бул.Кочо Рацин (се врти лево),

Бул.Кочо Рацин, бул.Крсте Петков Мисирков (се врти лево),

Бул.Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по бул. ВМРО се врти десно),

Бул.Партизански одреди до бул.8ми Септември (се врти десно),

Бул. 8ми Септември се врти десно по бул.Илинден до Градски Парк (Школка).

Настанот ќе заврши со лотарија и музички хепенинг на бината Школка во Градскиот Парк.