Морските меурчињаиднината на такси превозот во Париз!

Она што порано беше видливо само на сцени од научно-фантастичните филмови, денес станува реалност!  Летачкото такси, познато како  “Морско меурче” , веќе започна со своето тестирање на реката Сена во Париз. Користејќи ја реката Сена, овие летечки чамци успешно ги избегнуваат сообраќајните метежи, изминувајќи го Париз за помалку од 15 минути.


Бертран Ламберт е името кое се потпишува зад овој извонреден пронајдок. Овие машини достигнуваат брзина до 32 km/h, но истата е ограничена на 7,5 km/h во градското подрачје и на 11,2 km/h  надвор од градот. Првичното тестирање на ,, Морското меуре” било одложено поради технички и регулаторни ограничувања, со цел подобрување на системот за возење и проблеми со брзината. Според Voies Navigables de France, постојаната брзина и веќе добиените резултати  ветуваат многу за овие летечки возила.

Со можност за сместување до 4 патници и еден пилот, ова ново транспортно средство е електрично и прилично едноставно за употреба. Принципот на работење се заснова на крилја поставени под “Морското меурче” , кои користат два електрички мотори и не ослободуваат јаглеродна емисија. Со стартување на моторите, таксито полетува , но сепак ја допира водата. Триењето е намалено за 40% во споредба со триењето на трупот на бродот.

Градоначалникот на Париз, Ана Хидалго,  е воодушевена од нивната работа, изјавувајќи дека изумот е олицетворение  на идниот такси-сервис на реката Сена.

Според планираното, треба да се користат пет до десет “Морски меурчиња”  кои ќе бидат достапни како експериментално такси, а икстите ќе можат да го преминат градот на светилната, за помалку од 15 минути.

 “Морските меурчиња” не запираат тука. Вредно се работи на нивното надградување и усовршување, а веќе се заинтересирани и други светски градови како Цирих, Амстердам и Монако.