Министерството за животна средина со препораки до граѓаните во врска со аерозагадувањето

Прагот на информирање за PM10 (надминување на вредноста од 100  mg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на информирање до Институт за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа каде постои надминување на прагот на информирање.

Министерството до граѓаните  ги упатува  следниве препораки:

– Да се користи јавниот превоз;

– Возилата да не се користат без поголема потреба;

– Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време;

– Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал;

 – Правилно да се користат печките за дрва.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:

Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, сопосебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.