Милијарди килограми тиква ќе завршат на депонија по Ноќта на вештерките

Оваа недела милијарди килограми тиква ќе завршат на депониите како отпад, наместо да бидат зготвени и конзумирани како храна или пак компостирани за корисни цели.

Во пресрет на претстојниот празник Ноќта на вештерките, 31.10.2018 година, луѓето активно се вклучени во набавката на тикви кои треба да ги исечат, издлабат и украсат, но не и да ги подготват за јадење. Се проценува дека дури 60% од набавените тикви би завршиле како отпадок.

Според “Гардијан”, само во У.К.  на 1 ноември, во ѓубрето ќе се најдат осум милиони тикви, количина  доволна  за да се направат  пити со тиква кои би ја нахраниле целата земја.

Скоро иста е состојбата и во САД, каде тони отпад фрлени на депониите се распаѓаат и ослободуваат метан, познат по штетниот ефект на стаклена градина кој придонесува за климатските промени.

Дали  отпад од тиква ја уништува околината?

Секако дека да. Американското Министерство за енергетика активно работи на проблемот со здружување со индустриски експерти за развој на интегрирани биорафинерии, објекти кои можат ефикасно да го претворат растителниот и отпадниот материјал во прифатливи биогорива.

Во меѓувреме, продолжете да уживате во вашите тикви. Исечете ги, украсете ги, но, не заборавајте – по 31 октомври јадете или компостирајте ги за да го намалите отпадот од храна.