Меѓународен ден на Црното Море – 31 октомври! 

 

Меѓународниот ден на Црното Море – 31 октомври 2018 година, ја одбележува дваесет и две годишнината од потпишувањето на Стратешкиот план за Црното Море.

На 31 октомври 1996 година е потпишан Стратешкиот акционен план за рехабилитација и заштита на Црното Море.

Имено, владите на земјите кои излегуваат на Црното Море се согласија дека загадувањето на заедничкото море создава ризици за сите поединечни земји.  На состанокот на министрите за животна средина на Бугарија, Грузија, Романија, Русија, Турција и Украина, во Истанбул е потпишан договорот со кој вниманието е насочено кон напорите потребни за одржување и спасување на овој еко-систем. Планот ги дефинира мерките, активностите и временските рокови потребни за постигнување на еколошките цели на Букурешката конвенција. Стратешкиот акционен план на Црното Море признава дека се потребни колективни мерки од сите земји  за да се намали влијанието на загадувањето врз екосистемот на Црното Море. Потребна е акција од сите засегнати страни и од секоја личност што живее во регионот.

Обврската на регионалните власти е превземање на  сериозна акција за  рехабилитирање  и обновувањето на морето.

Денот е погоден за организирање на состаноци и конференции од страна на многу невладини организации и ова е добра можност размислувањата да се пренасочат кон еколошките прашања и заштитата на црноморскиот еко-систем.