„Медена земја“ со светска награда и порака! Атанас Георгиев, продуцентот на филмот – Ве молам, исчистете го воздухот во нашата земја, најзагадената земја во светот, земјата со најзагаден воздух во светот. Ве молам, сторете го тоа.“

Македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, победи на американскиот филмски фестивал „Санденс“во категоријата за документарни филмови од целиот свет. Филмот беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарни филмови од целиот свет.


Главната церемонијата се одржа во Парк Сити во Јута, „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, каде се прикажува припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушувањето на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси.
„Денеска нашата планета се соочува со големи еколошки предизвици. Нашите општества се соочуваат со големи морални предизвици. Нашата раса се соочува со најголемите егзистенцијални проблеми. Една од причините за ова е огромноти искористување на природните ресурси. Без разлика дали станува збор за дрва, риби или мед. Веруваме дека треба да има подеднакво користење на тие ресурси, помеѓу нас и природата за да се осигураме дека ќе опстанеме и во иднина.“ – изјави Љубомир Стефанов.
На снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија. Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена.
„Медена земја“ е ремек дело и сериозно големо достигнување за македонската кинематографија. Филмот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија

Атанас Георгиев, продуцентот на „Медена земја“, при примањето на наградата по повод состојбите со аерозагадувањето во Македонија испрати порака:
„Сакам да ја испратам оваа порака до македонските граѓани и Владата: Ве молам, исчистете го воздухот во нашата земја, најзагадената земја во светот, земјата со најзагаден воздух во светот. Ве молам, сторете го тоа.“