Матка помеѓу Град Скопје и општина Сарај!

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денес истакна дека ќе ги одбие барањата за легализација на трите платформи на Матка, но истите нема да ги урива. Градот Скопје реагираше на прес-конференцијата на градоначалникот Беџети, а портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху изјави:
Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите,
Салиху додаде дека изминатава година Градот Скопје заедно со УНДП и МЖСПП изработуваа законски модели со кои ќе се заштити Матка и во еколошка и во економска смисла. Ова решение ќе овозможи заштитата на Матка и нејзиното управување да не зависи од градоначалникот на Скопје или од градоначалникот на Сарај, туку од почитувањето на законот. Матка е непроценлив потенцијал за целиот град, а особено за локалното население на Сарај, нагласи денеска Салиху.