Промоцијата на современи принципи за управување со отпадот кои се економски одржливи за Македонија, како и развој на правна и институционална рамка која ќе го поддржи развојот на секторот за управување со отпад во Македонија, е основната цел во делувањето на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МаSWA).

Во насока на подигнување на нивото со управувањето цо цврстиот отпад, а пред се воспоставување одржлива комуникација на сите вклучени во процесот на менаџирање со отпадот, MASWA како членка на ISWA(Меѓународна асоцијација со цврст отпад организира меѓународна Конференција на тема: „Комуникација за управување со отпадот“. Конференцијата ќе одржи на 12 -13 септември, 2019 година во Охрид.

Конференцијата е проектирана во дводневно организирани настани, каде претставниците на ISWA, меѓународни експерти, претставниците на македонската централна и локална власт, компании и поединци да ги врмежат своите искуства со цел воспоставување на директна поврзаност со светските искуства и најсовремените стандарди и модели за управување со цврст отпад.

Главните теми на конференцијата ќе бидат:

Комуницираме со сите субјекти во општеството, како да се унапреди управувањето со отпадот во РС Македонија;

Комуницираме за можности и решенија применети во светот и во регионот

Комуницираме за успешни реализирани проекти финансирани од Програмата за мали грантови на Глобалниот Еколошки Фонд ГЕФ ПМГ, која е отелотворување на суштината на одржливиот развој со тоа што “Размислувај глобално делувај локално”.