Меѓународната Конференција „Комуникација за управување со отпадот“ која се одржа на 12 -13 септември, 2019 година во Охрид и Струга која беше во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад МаSWA започна со организирање на акција за чистење на Охридското Езеро и Охридското крајбрежје. Оваа акција беше подржана од Делегација на Европската Унија во Република С. Македонија во склоп на акцијата “Чисто како дома исто”.  Настанот се реализираше во Охридското езеро заедно со “Клуб за подводни дејности” Охрид и на Охридското крајбрежје со подршка од Општина Охрид, ЈП “Охридски комуналец” Охрид и колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје.

Конференцијата официјално беше отоврена на 12.09.2019 година во храмот Св. Софија во Охрид,  со  поздравните говори на претседателката на МаСВА г-ѓа Даниела Нелепа, Шефот на Делегацијата на Европската Унија во  Македонија Амбасадорот  г-дин Самуел Жбогар,   Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини и претседателот на Интернационалната Асоцијација за Цврст Отпад – ИСВА  г-дин Антонис Маврополис.

Работниот дел  на Конференцијата се одржа следниот ден во Струга во хотелот Изгрев.

Модератор на првата тркалезна маса на тема: “Комуницираме со сите објекти од општеството, како да се унапреди управувањето со отпад во Македонија“ беше г-дин  Марјан Додовски, поранешен Министер за животна средина и просторно планирање .

Свое учество и дискуси на тралезната маса имаа: Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање г-ѓа Ана Петровска,  Директорот на царинската управа г-дин  Ѓоко Танасоски, Раководител на одделение за аналитика, меѓународна соработка и проекти за инспекциски надзор г-дин Дарко Блинков, Раководителот на секторот за соработка од Делегација на Европската унија г-дин Никола Бертолини  и Професорката на Геотехничкиот факултет во Хрватска и претседател на ХУГО (Hrvatska Udruga za Gospodarenje Otpadom – HUGO) проф. д-р Александра Анич Вучинич.

Темата на втората Тркалезна маса беше на тема “Комуницираме со можности и решенија применети во Македонија, светот и во регионот“

 Модератор на тркалезна маса беше г-ѓа Ана Каранфилова Мазнева – раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање

Свое учество со дискуси на тралезната маса имаа: Директорот на ЈП Комунално Струга   г-дин Иван Клечкароски, Управителот на колективниот постапувач за отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори  НУЛА ОТПАД ДОО Скопје г-дин Марјанчо Дамески,  Извршниот директор на колективниот постапувач за отпад од пакување ПАКОМАК г-дин Филип Ивановски, Професорот на Факултетот за технички науки, Нови Сад, Србија, Проф. д-р Горан Вујиќ и Раководителот за животна средина, енергија и управување со квалитет во Унгарски државни железници , д-р. Кристина Вaгнер.

На конференцијата беа презентирани актуелните состојби во Македонија околу управувањето со цврстиот отпад, но се истакна и добрата меѓу институционална комуникација. Презентираните искуства на интернационалните експерти само ја комплетираа целата слика на оваа успешно организирана конференција.

За истакнување е дека во време на турбулентно политичко живеење во Македонија кога главната преокупација се дневно политичките теми, дискусиите за комуницирањето во делот на заштитата на животната средина се вистинско освежување, но и потсетување кои треба да бидат вистинските приоритети на секоја држава со изградени стандарди на квалитетно живеење на своите граѓани.

Да се надеваме дека оваа конференција ќе биде и провокација но и поттик за понатамошно актуелизирање на темата заштита на животната средина и создавање услови за здрав живот.