Околу 300-400 морски желки угинале во близина на Ел Салвадор, известува Министерството за животна средина и природни ресурси на Ел Салвадор.

Неколку видови на желки живеат во оваа област, но сепак видот Ridley спаѓа во едни од најранливите, според Меѓународната унија за заштита на природата.

Првите трупови на угинати желки биле забележани од локалното население на карајот на октомври, а на почетокот на ноември, од Министерството за животна средина и природни ресурси на Ел Салвадор започнале да собираат примероци од морската вода и ткива на угинатите желки, како и примероци од крв од жива желка, со цел утврдување на причината за оваа катастрофа.

Оваа катастрофа е една од најголемите досега што Ел Салвадор ги доживеал после феноменот „Црвена плима“ или масовното размножување на алги (цијанобактерии) кој во 2006 и 2013 година беше причина за угинување на желки во Ел Салвадор.